Беше сон на секој маж како “чувар на плажата“: Денес има 48 години и уште поневеројатно (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Хит серијата „Чувари на плажата“ во 90-тите години од минатиот век беше една од најгледаните серии, а и денеска многу често се репризира на ТВ екраните, сепак за сето тоа покрај шармантниот Мич, најзаслужни беа девојќите кои постојано трчаа на плажата облечени во нивните заводливи црвени костими за капење, по што беше најпрепознатлива серијата.

Една од нив беше и згодната Кармен Електра, која сега ја откри тајната на убавината и на нејзиниот младешки изглед, на кој и денес многу му се восхитуваат.

Американската актерка и ѕвезда од „Чувари на плажата“, се прослави пред скоро 30 години, откако за прв пат се појави на малите екрани и ги маѓепса гледачите со својот изглед уште во 1993-та година.

Кармен од тогаш е во центарот на вниманието на медиумите и јавноста, нејзиниот живот и кариера се променија, но она што останува исто е нејзиниот беспрекорен младешки изглед на кој многумина му се восхитуваат.

Денес, 48-годишната актерка тврди дека ова може да се припише на строги диети, конзумирање на големи количини на вода и внимателно избрани производи за нега на кожата, кои не ги менувала 20 години. Негира дека правела какви било естетски или хир*ршки зафати на лицето.

Тајната, вели таа, лежи во нејзината едноставност. Не се потпира на производи со штетни хемикалии, не оди на хируршки зафати. Избегнува кофеин, алк охол и шеќер, а пие многу вода.

-Се обидувам да бидам хидрирана цело време. Водата ја хидрира кожата одвнатре и тоа е многу едноставна работа што луѓето ја забораваат. Грижата за себе е поважна од кога било досега, рече актерката.