Битиќи: Не е дојдено времето за полициски час

ИЗВОРНов Лист
|

Вицепремиерот Фатмир Битиќи за економски прашања на денешната прес конференција, по новинарско прашање во врска со полициски час во државава, посочи дека ставот на Владата е дека сеуште не е дојдено времето за полициски час.

Како што изјави Битиќи: Сметам дека ставот на Владата е дека се уште не е дојдено времето за полициски час, мерките од здравствен аспект коишто се донесени даваат резултат, но секако ја следиме здравствената состојба и препораките на Комисијата за заразни болести ако е тоа потребно, ние ќе реагираме. Што се однесува до економските последици, тие се поврзани – колку повеќе го кратите времето на економските субјекти, толку повеќе загубите се очигледни.

Вицепремиерот на презентацијата рече дека до крајот на годината календарот „е покриен“ со економските мерки, а во буџетот за 2021 за следната се предвидени 3 милијарди денари или 50 милиони евра за евентуални мерки за справување со кризата со кој ќе се подржат стопанството и граѓаните.

Со Законот за финансиска независност на Собранието на Законодавниот дом за 2021 му следуваат дополнителни 3 милиони евра за трошење и дека овој орган со овие пари сам ќе ја дефинира систематизацијата и потребата за нови вработувања, потврди Битиќи.