|
Рафаел Надал успеа да го освои по четврти пат УС ОПЕН за своја 19 титула на Гренд Слем турнирите.
А околу тоа колку само бил заморен Рафаел Надал од финалниот меч, зборува и неговиот сегашен тренер Карлос Моја.
Тој раскажа една бизарна случка по финалето во Њујорк пред неколку дена.
„Тоа беше неверојатна ментална битка на двајца силни тенисери. Како вистински боксерски меч. По мечот Рафаел неможеше да ги облече сопствените фармерки, беше преморен, па морав да му помогнам. Беше скоро мртов“, раскажа сликовито Карлос Моја во интервју за Кадена Сер.