Боксерите Лео Јовановски и Арсим Етеми се пласираа во полуфиналето на меѓународниот боксерски турнир ,,Загреб Гранд При 2021″

|

Моментално во Загреб, Хрватска се одржува боксерски турнир ,,Загреб Гранд При 2021″, каде учествуваат двајца македонски боксери.

Утре, петок, Лео Јовановски (75кг) во полуфиналето ќе ги вкрсти ракавиците со најдобриот Хрватски боксер Габријел Веочиќ кој беше четвртфиналист на последното Светско првенство во Белград.

Арсим Етеми (80кг) пак во полуфиналето ќе се сретне со црногорскиот претставник Петар Маричиќ.

Двајцата ќе имаат тешки бор-би и тешка задача, со оглед на фактот дека противниците им се искусни, но се надеваат дека ќе прикажат добар бокс, како и дека ќе освојат медал и пласирање во финалето кое ќе се одржи во сабота навечер, во 20:00 часот!