Со месеци се шпекулира дека Бора Ѓорѓевиќ е во лоша здравствена состојба и дека многу тешко функционира. Фронтменот на групата „Рибља чорба“ до сега не се огласил во медиумите, па публиката со нетрпение чека каква било нова информација.
‒ Живеам како да нема да ум*ам, никогаш не зборувам за текот на времето. Смр*та не треба да не плаши и таа е една од песните на новиот албум. Не се чувствувам како да сум стар, телото ме издава, потешко е да одам и седам додека пеам, но пеам. Не пеам со нозе, но духовно се уште сум во пубертет – низ насмевка по долго време се истакна Бора.
Среќата ја нашол со третата сопруга Дубравка во Словенија, а ѝ го посветил последниот албум и книга.
‒ Заедно сме седум години, таа е и на насловната страница на албумот‒ со полно срце откри музичарот.