Божиќниот хит на Мараја Кери по 25 години конечно се најде на првото место на Билбордовата листа

|

49-годишната пејачка Мараја Кери се најде на првото место на листата на Билборд – “Hot 100” со божиќниот хит “All I Want For Christmas Is You”, и тоа 25 години откако ја издаде споменатата песна.

Мараја ја издаде песната во 1994 година, но не како сингл, и токму затоа не можеше да конкурира на популарната листа. Откако се променија правилата, нејзиниот хит за првпат се најде помеѓу најслушаните 100 песни во 2000 година, а во последните неколку години полека се искачуваше кон врвот. 

“Успеавме”, напишала пејачката на Твитер со разни емотикони со кои ја искажала својата среќа.

“All I Want For Christmas Is You” е една од најпопуларните божиќни песни на сите времиња, а во Велика Британија моментално е најслушана песна на “Spotify”. Откако нумерата беше искористена за потребите на филмот “Lоve, Actually”, нејзината популарност нагло започна да расте.

Според Билборд, песната била 45 милиони пати преслушана на разни интернет стримови, додека 34 милиони пати била пуштена на радио. Ден претходно, дигитална копија од песната купиле речиси 30 илјади луѓе.

За потсетување, Мараја по 19-ти пат се најде на “Billboard Hot 100”, а го држи рекордот како соло изведувач кој најмногу пати зазел некое место на споменатата листа. Сепак, рекордот го држат Битлси кои во текот на кариерата на листата имаа 20 песни.