Шеф Марк извади фотографија од архива и покажа како изгледал пред 36 години (фото)

|

Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија.

Шеф Марк и шеф Никола кои се дел од тимот заедно со своите натпреварувачи подготвуваат најразни јадења.

Во една прилика, Марк  де Јонг истакна дека се вратил во Македонија за да го исполни амантетот на својата баба која го замолила да ја посети Македонија.

„Дојдов во Македонија зашто на баба ми и ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо. Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати. Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца се уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде. Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде. Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја. Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи. Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде кадешто одам, на пазар, на улица, во ресторан„…, раскажува Марк за Сител.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Марк на социјалните мрежи често објавува фотографии од разни специјалитети кои ги подготвува со многу љубов. Меѓутоа, понекогаш знаеме да пребаруваме по албумите со  стари фотографии и да ни се вратат спомени.

Така деновиве, шеф Марк на социјалните мрежи извади фотографија од архива и покажа како изгледал пред неколку години. Тој во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографии од пред 36 години и покажа како изгледал тогаш.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

За потсетување, во новата сезона на „Брза кујна“ шефовите Марк и Никола добија засилување односно има и двајца нови готвачи шеф Бобан  шеф Филип.