Светот на пејачката Бритни Спирс (38) се преврте наопаку. Не поради движењето #FreeBritney или со борбата за пари со сопствениот татко, туку затоа што Бритни буквално одеше на нејзините раце.
За тоа се пофали и на својот Инстаграм, каде објави видео во кое одеше неколку метри на раце, покажувајќи завидна сила и атлетска издржливост. Видеото е снимено во природа, на непозната локација.
Покрај видеото, таа со своите речиси 25 милиони следбеници на Инстаграм ја сподели идејата дека за неа, кога светот е наопаку е многу подобар, отколку кога таа е на нозе.
Нејзината борба ја следи целиот свет и од неа се дознаваат детали не само за приватниот, туку и деловниот живот; таа неодамна во едно од своите изјави за јановст рече дека засега не планира да настапува повторно.
Да потсетиме, Бритни води битка со нејзиниот татко затоа што тој управува со нејзините пари. Тој го стекна тоа право пред нешто повеќе од десет години, поточно во 2008 година. Тоа беше една година по нејзиното епско бричење на главата што го зачуди целиот свет.
Фановите се на страната на Бритни, како што покажува хаштагот #FreeBritney. Неодамна, нејзиниот адвокат исто така проговори за тоа и рече дека го поддржува движењето.