Пејачката Бритни Спирс вчера се обрати пред судот во Лос Анџелес во клучен момент за битката што ја води против нејзиниот татко, за кого тврди дека и ја одзел можноста да управува со финансиите и бизнисот. Таа на сослушувањето истакна дека и вметнале спирала, за да не остане бремена, иако сака бебе.
Најболниот дел од нејзиното сведочење е моментот кога призна дека нејзиниот тим, предводен од нејзиниот татко, не сакал да забремени со друго дете.
„Сакав да имам можност да се омажам и да имам деца, но тие не го сакаа тоа …“
Таа исто така рече дека и инсталирале спирала, за да не остане бремена.
„Го имам овој уред кој ме спречува да останам бремена. „Сакам да го извадат од мене, но тие не сакаат да ме однесат на лекар“, рече таа.
Бритни е под надзор на старател од 2008 година и е силно против нејзиниот татко Џејми Спирс да биде чувар на нејзините работи и финансии. Џејми претходно се повлече од таа позиција поради здравствени проблеми.