Брз и лесен домашен пудинг совршен за овие студени денови

ИЗВОРНов Лист
|

Потребни состојки:1 л. млеко; 250 гр. шеќер; 1 кеса ванилен шеќер; 90 гр. густин; 2 лажици какао

Подготовка:
Во тенџере на оган се додава млекото да се стопли.
Во меѓувреме во друго тенџере  додаваме шеќер, густин и ванилин шеќер, ги заливаме со топлото млеко и мешаме со жица за матење.

Тенџерето го враќаме повторно на оган и мешаме додека смесата не се згусти. Ако ви треба чоколаден пудинг во смесата додајте какао кога ќе ја тргнете од оган и размешајте со жица за матење. Ние овојпат се одлучивме за двобоен пудинг т.е откако ги наполнивме до пола чашите со бел пудинг во преостантата смеса ставивме 2 лажици какао и ги дополнивме чашите со чоколаден пудинг.