|
Пред мечот од 4. коло во групната фаза од Лига европа помеѓеу Манчестер Јунајтед и Партизан во просторитее на „Олд Трафорд“ челниците на српскиот тим имаа средба со тренерската легенда на „црвените ѓаволи“.
Имено водечките луѓе на „црно-белите“ се сретнаа со Сер Алекс Фергусон, а на истата свеченост му врачија поклон – чинија со посвета од клубот од Белград.
Покрај водечките луѓе на клубот, тука беше и НБА легендата Владе Дивац, како и прославениот режисер Емир Кустурица.
На крај партизановци немаа многу причини за задоволство откако загубија со 3-0.