Според астрологијата, припадниците на овие четири хороскопски знаци умеат да останат со празни џебови бидејќи едноставно не знаат да располагаат со парите.
1. Вага
Вагите едноставно обожаваат шопинг и неретко умеат да трошат пари на работи кои не им се потребни. Често непромислено трошат пари и веќе кон средината на месецот не им останува од платата.
2. Стрелец
Тие сакаат излегувања, забави и за тоа не штедат пари. Нивните пари најчесто ги трошат за други, но секој нивни трошок е направен без размислување, па брзо остануваат со празен паричник.
3. Лав
За разлика од великодушните Стрелци, Лавовите ги трошат парите исклучиво на себе и тоа најчесто трошат повеќе од тоа што можат да си го дозволат. Максимално уживаат во луксуз и живеат на висока нога, но кога ќе дојде време за плаќање сметки одат во длабок минус.
4. Близнаци
Многу се спонтани и не размислуваат на долги патеки, па тоа дефинитивно ги прави неодговорни. Кога станува збор за пари често се невнимателни и целата плата ја трошат за еден ден.