Чола на 8-ми март на дамите им подарува песна, авторот е познат фолкер

ИЗВОРНов Лист
|

Здравко Чолиќ денес ќе подари нова песна на својата верна публика во која претежно има жени. Имено, на официјалниот YouTube канал на Здравко Чолиќ, во вторник, 8 март, во 10 часот ќе можете да уживате во песната „100 дукати“, чиј автор е еден од најпопуларните фолкери.

Музиката за „100 дукати“ ја работеше Саша Матиќ, текстот го напиша Милош Смиљаниќ Зуца, а за аранжманот беше задолжен стариот соработник на Колин, Никша Братош.

Спотот за оваа песна деновиве се снима на повеќе локации во регионот.

Инаку, Саша Матиќ веќе успешно се испроба како композитор, а меѓу другите, голем успех доживеа и неговата дуетска песна „Море од тагата“ која ја сними со Северина.