Овој човек се снимаше на плажа, па Карлеуша му влета во кадар – Видеото стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Јелена Карлеуша влета во кадар на својот менаџер додека тој снимаше на плажа во Дубаи.

Јелена Карлеуша замина на одмор во Дубаи каде во друштво на ќерките и менаџерот Зоран Бирташевиќ го прослави својот 44 роденден.

И додека нејзините многубројни обожаватели нетрпеливо ги чекаат првите заводливи фотографии, особено оние во бикини, пејачката сподели приказна која сите ги насмеа и воодушеви.

На Инстаграм се појави видео на кое таа налета на својот менаџер додека снимаше, а потоа танцува и позира.

Речиси сите го коментираа видеото, а многумина истакнаа дека Јелена изгледа згодно и без фотошоп, иако многумина ја обвинуваат дека премногу го користи.