Чудо во Келн, Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона, македонскиот тим се врати од седум голови негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.
Лудо, Вардар со неверојатен пресврт ја победи Барселона и ќе игра во финале! Чудо во Келн, Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона, македонскиот тим се врати од седум голови негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.
Вардар повторно ќе игра во финале од Лигата на шампионите, и повторно преку Барселона! Речиси никој не се ни надеваше дека македонскиот тим ќе може да направи чудо откако имавме негатива од седум голови разлика, но чудо се случи!
Првото полувреме наговестуваше дебакл за Вардар и покрај феноменалната парија на Милосављев. Голманот во првиот дел фати 13 топки, а неговите соиграчи дадоа само седум голови. На одморот заминавме со негатива од дури седум голови разлика.
Но работите полека почнаа да се менуваат во вториот дел, негативата на Барселона се топеше, а полека се враќаше надежта дека може да се направи снезација.
Криштопанс беше убедливо најдобриот на теренот, и со неверојатна игра Летонскиот џин го однесе Вардар во финалето.
Скопје и Македонија повторно има претставник во финалето на ракометната Лига на Шампиони. Браво ВАРДАР!