|
Овие бомбици се одличен оброк после вежбањето, но и како сладок, а не толку калоричен десерт за време на работниот ден.
Потребни состојки:
120 гр.крем сирење
¼ шолја путер од кикирики
2 лажици мед или јаворов сируп, или пак друг засладувач по желба
½ шолји трошки или ренданда темна чоколада
Измешајте ги добро сите состојки, а потоа ставете ги во фрижидер околу 30 минути. Обликувајте ги во бомбици и извалкајте ги во рендана темна чоколада или трошки. Оставете ги 2 часа во фрижидер за да можат да се стврднат. Потоа можете да послужите.
На здравје!