Инзаги: Магично, магично, втор пат го срушивме Јувентус!

|

Лацио вчера повторно го победи Јувентус за две недели, овој пат во пресметката од финалето на Суперкуп пресметката.

Лацијалите победија со 3:1, во одличен натпревар каде само ја потврдија својата добра форма со тоа што двапати го добиваат Јувентус за две недели.

По натпреварот, тренерот на Лацио, Симоне Инзаги не го криеше своето задоволство од куп титулата против Јувентус.

Магично е да се победи Јувентус два пати за вака кратко време. Заслужена победа, сите бевме наградени затоа што верувавме во себе. Победата ај посветувам на сите оние кои беа со мене и мојата екипа, посебно во моментите кога не ни одеше баш најдобро“, констатира Инзаги.

Лацио претходно го победи Јуве во рамките на Серија А, а сега и во Суперкупот. Лацио во моментов е на 3. позиција на табелата со 36 бодови, додека Јуве и Интер се во егал напред со по 42 бодови.