Црногорците ја имаат најлошата песна на сите времиња на Евровизија(ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Пред десет години, Црна Гора на Евровизија во Баку беше претставена од Рамбо Амадеус, чија песна „Euro Neuro“ се издвои од другите претставници. Имено, Рамбо на сцената имал магаре, иако дрвено, бидејќи не му дозволиле да го донесе вистинското.

Оваа песна пред четири години беше прогласена за најлоша песна на Евровизија на сите времиња, а Рамбо Амадеус со радост ја дочека веста и се пофали на својот Фејсбук.

„Со гордост ја прифатив оваа вест што ја најдоа фановите во Шпанија. Песната „Euro Neuro“ беше прогласена за најлоша на Евровизија на сите времиња. Jееа! Победник на Хоровизија, во апсолутна категорија, за сите времиња. Голема чест, навистина, “, напиша Рамбо Амадеус тогаш на Фејсбук.