Европската куќа на ракометот (ЕХФ) пред стартот на Ф4-турнирот во Келн го објави идеалниот тим на Лигата на шампионите, а во него доминираат ракометарите во „црвено-црна“ опрема, односно на Вардар.
Пет вардарци се најдоа во идеалниот тим, во сите конкуренции, биран од страна на навивачите. Македонскиот претставник на Ф4-турнирот меѓу најдобрите ги има најдобриот голман, лево крило, десен бек, десно крило и тренер.
ИДЕАЛЕН ТИМ НА ЛШ:
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Кентин Мае (Веспрем)
Кружен напаѓач Јулен Агинагалде (Киелце)
Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Дефанзивец: Блаж Благотиншек (Веспрем)
Млад ракометар: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Тренер: Роберто Гарсија Парондо (Вардар)
Уште еднаш десетици илјади фанови ќе се соберат во Келн и ќе бидат дел од спектаклот кој го нуди Ф4 во Лигата на шампионите. Оваа сезона помеѓу четирите најдобри екипи се најдоа Вардар, Веспрем, Келце и Барселона, а тие своите завршни средби ќе ги одиграат овој викенд.
Фановите уште сега можат да ги резервираат своите места на Ф4 следната година кој се игра на истото место – „Ланксес Арена“ во Келн. Продажбата ќе започне во 11:30 часот оваа сабота и тоа на 1 час и 45 минути пред почетокот на првото полуфинале помеѓу Келце и Веспрем.
Отворена ќе биде една билетарница на која фановите ќе можат да купат карти за следната сезона. Оние пак кој нема да бидат во Келн, можат да обезбедат карти онлајн, а нивната продажба ќе започне еден ден после финалето, односно на 3 јуни во 10:00 часот
Трета година по ред цените на картите ќе остане иста, а еден купувач може да обезбеди најмногу четири влезници. Билетите се по цена од 75 евра за зелените седишта, 155 евра за портокаловите, 215 евра за виолетовите, 295 евра за жолтите и 345 евра за црвените.