Чудна логика на Клоп: Меси е најдобар, ама Ван Дајк треба да ја освои Златната топка

|

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се огласи по повод доделувњето на Златната топка, на една недела пред манифестацијата на која Франс фудбал ќе го одреди најдобриот за 2019 година.

Досега беа доделени две индивидуални признанија, УЕФА го прогласи Виргил ван Дајк за најдобар минатата сезона, а ФИФА му оддаде почест на Лионел Меси. Се чини дека тие двајца се најсериозни фаворити и за Златната топка, без оглед на тоа што Кристијано Роналдо сака сам да се промовира меѓу кандидатите.

Кој и да освои нема да биде незаслужено, Ван Дајк ја освои титулата во Лигата на шампионите со Ливерпул и неговиот тим е убедливо прв во Премиер лигата сезонава. Меси, покрај титулата во шпанското првенство, минатата сезона беше најдобар стрелец во европските лиги и во Лигата на шампионите. Но, чудна е логиката на Јирген Клоп.

„Ако ‘Златната топка’ се доделува на најдобриот фудбалер во една ера, тогаш сигурно треба постојано да ја освојува Меси. Но, ако му се доделува на најдобриот играч последната сезона, тоа е Ван Дајк. Не знам точно по што се водат љубителите на фудбалот, но според мене е така“, изјави Клоп.

Со сите комплименти кон Ван Дајк, но Златната топка во своите кариера не ја освоија еден Чави и Иниеста.