Чудото во Сирија на светиот Георгие победоносец

|

Во времето кога сарацените ја завладеале Сирија, во градот Рамел се случило следното чудо:

Еден угледен сарацен влегол со други сарацени во црквата посветена на светиот Георгиј за време на Богослужбата и откако ги видел иконата на свети Георгиј и свештеникот како се моли пред неа и чита молитви, им рече на пријателите свои на сараценски јазик: гледате ли што прави овој безумник? И се моли на штицата. Ајде, донесете ми лак и стрела да ја прострелам таа штица. и му донесоа веднаш.

Стоејќи зад сите други, тој го оптегнал лакот и ја пуштил стрелата кон иконата на маченикот. Но стрелата летнала не кон иконата, туку во висина, па потоа се спуштила и се зарила во раката на тој сарацен и го ранила. Тој веднаш ја напуштил црквата и си отишол дома. Раката се посилно и посилно го болела, и толку силно потекла што личела на мев. А тој горко кукал од см*тоносните болки. Но бидејќи во куќата имаше некои робинки што биле од христијанска вера, ги викнал и им рекол: Бев во црквата на вашиот бог Георгиј и сакав да ја прострелам неговата икона, но бидејќи не стрелав добро, стрелата се врати и ми се зари во раката, и ете уми рам од неподносливи болки. А тие го запрашале: цениш ли дека си направил добро дрзнувајќе се да пуштиш стрела кон иконата на светиот маченик. Сараценот одговорил:

Онаа икона ли има сила да направи вака да се разболам? Робинките одговориле: Ние не сме учени и не знаеме што да ти одговориме, туку викни го свештеникот, па тој ќе ти каже за тоа што нѐ прашуваш нас.

Варваринот го послушал советот на своите робинки и испратил да го викнат свештеникот. Кога овој дошол, тој го запрашал: Сакам да знам, каква сила има онаа штица или икона на која ѝ се молеше ѝ се клањаше?

Свештеникот одговорил: Јас не се клањав на штица, туку на мојот Бог, Создателот на сите, а го молев свети великомаченик Георгиј, изобразен на штица, да биде мој посредник пред Бога. Варваринот запрашал: А што е тој Георгиј ако не е ваш Бог?

Свештеникот одговорил: Свети Георгиј не е Бог, туку слуга на Бога и Господа нашиот Исус Христос. Тој беше човек како нас, само што претрпе многу маки од незнабожците што го приморуваа да се одрече од Христа. Бидејќи сите тие маки јуначки ги претрпел и славно го исповедаше името Христово, тој доби од Бога благодат да прави чудеса. Ние, пак, сакајќи го, ја почитуваме неговата икона, и како во него самиот гледајќи ние ѝ се поклонуваме, ја гушкаме и ја целиваме. Така и ти правиш по см*тта на свите родители и мили браќа; jа изнесуваш нивната облека пред себе, плачеш, ја целиваш, како нив самите да ги имаш пред очите свои.

И ние значи ги почитуваме светите икони, не како богови, – да не биде тоа! – туку како изображенија на слугите Божји што чудотворат преку иконите. Ете, и тебе ти се случило, та си ја познал силата на светиот маченик кога си се дрзнал да ја пуштиш стрелата кон неговата икона. А тоа се случило за поука на другите.

Откако го слушна тоа сараценот рече: Што да правам? Ја гледаш мојата потечена рака, имам неподносливи болки, и веќе сум блиску до см*тта.

Свештеникот му рече: Ако сакаш да оздравееш и да останеш жив, кажи да ти се донесе иконата на свети великомаченик Георгиј, постави ја над својот одар, намести го кандилото пред неа, запали го, па нека гори цела ноќ, а наутро земи елеј од кандилото, намачкај ја болната рака своја, притоа верувај дека ќе оздравееш, и ќе биде така.

– Сараценот веднаш го замолил свештеникот да му ја донесе иконата на свети Георгиј. Свештеникот ја донел; Сараценот со радост ја примил и направил сѐ онака како што го научил свештеникот. И кога утредента ја намачкал раката своја со елејот од кандилото, веднаш престанале болките и раката му оздравела.

Зачуден и израдуван од ваквото чудо, овој сарацен го запрашал свештеникот дали во неговите книги има напишано нешто за свети Георгиј. Свештеникот го донесе Житието и страдањето на свети великомаченик Георгиј, и му читаше. А тој, слушајќи внимателно, ја држел во рацете иконата на маченикот, и на светителот изобразен на иконата му велеше со солзи:

О, свети Георгиј!
Ти си млад, но си бил паметен;
јас сум стар, но сум безумен.
Ти млад – мил си му бил на Бога, а јас стар -лишен сум од Бога.
Те молам, моли Го за мене твојот Бог и јас да станам негов слуга.

– Потоа, гушкајќи ги колената на свештеникот, се молел да го удостои со свето крштение. А свештеникот не сакаше зашто се плашеше од сарацените. Но кога ја виде верата негова и искрената молба, тој го крсти тајно во ноќта од страв од сарацените.

А кога се раздени, новокрстениот сарацен излегол од својата куќа, отишол среде град, и пред сите застанал со голема слобода велегласно да го проповеда Христа, вистинскиот Бог, а сараценската лажна вера да ја проколнува. И веднаш се собрале околу него мноштво сарацени.

Но тие се исполниле со гнев и јарост и како ѕверови јурнале кон него. Со но*еви го исекле на парчиња. И така овој новокрстен сарацен за кратко време извршил добар подвиг на исповедништво и добил маче нички венец, се разбира, помаган од молитвите на свети великомаченик Георгиј Победоносец.

Извор: Денешен