Ева Заева знае како да ужива: Дубаи е премал за нејзината убавина (ФОТО)

|

Шармантната струмичанка Ева Заева, која е ќерка на бизнисменот Вице Заев и внука на поранешниот премиер Зоран Заев, го бараше и најде својот пат кон ѕвездите, па со свој имиџ и знаење за модата се прослави на социјалните мрежи.

Нејзините следбеници едвај чекаат да објави нови фотографии, како од модните комбинации, така и од егзотичните дестинации каде постојано патува.

Овојпат ги изненади со фотографија на која е облечена во макси фустан со богат дезен во маслинесто зелена и светло-кафеава нијанса, кој Ева го носеше покрај базенот што се наоѓа на големиот балкон на еден од најлуксузните хотели во Дубаи.

Погледнете како ужива убавицата: