Дали ќе има ново одложување на отплата на кредитите ?

|

Ќе има ли ново одложување на отплата на кредитите ако продолжи кризата ?

Според НБРМ, се следи тековно ситуацијата на терен како и ефектите од кризата досега. Со оглед на тоа што е погодена и домашната и светската економија тие се подготвени да реагираат ако за тоа се појави потреба.


Сепак и НБРМ и банките велат дека е рано да се даде конечен одговор, но не ја исклучуваат таквата можност.

Мерките кои беа донесени важат до крајот на септември, и ако се покаже за потребно овој рок ќе се пролонгира.
Сепак, банките од утре ќе имаат право преку извршители да поведат постапки за наплата за кредити кои граѓаните не ги плаќале пред да почне кризата.

Околу 70 проценти од граѓаните кои имаат земено кредити, во март оваа година, се одлучија плаќањето да го одложат согласно донесените мерки, за шест месеци. Според податоците кои доаѓаат од банките, најчесто биле одложени за плаќање потрошувачки кредити, а по ретко станбени кредити.