Има повеќе фактори коишто влијаат на тоа да се чувствувате летаргично и подуено после јадење, но добрите вести се дека тоа може да се спречи.
На сите им е познато следното сценарио: Само што сте се најале убаво и сега седите со подуен стомак и се чувствувате како да сте истрчале маратон. Ова се нарекува „кома предизвикана од јадење“.
Што може да биде причина за „кома од храна“? Ова е комплицирано прашање, бидејќи зависи од повеќе работи, но ова се неколку од вообичаените:
1. Она што сте го јаделе: Храна со многу шеќер или преработени јаглехидрати може да предизвика нагло да пораснат нивоата на глукоза и потоа нагло да паднат. Ова се манифестира со кома од јадење во која сте летаргични, со замаглен ум и не можете да размислувате трезвено.
2. Големината на оброкот: Ова се сведува на хормоните коишто ги ослободува вашето тело. Грелинот прави да се чувствувате гладни, а лептинот ви кажува кога сте сити. Доколку јадете пребрзо, вашето тело нема време да изреагира навремено, па додека да почне да делува лептинот вие веќе сте изеле премногу. Тогаш се чувствувате подуено.
3. Проблеми со тироидата: Кога тироидата лачи помалку, вие сте многу чувствителни на промените на глукозата, бидејќи секако немате доволно енергија. Доколку имате здрава тироида, вашето тело може да се приспособи и да ја подигне глукозата за да ја одржи енергијата, за да можете полесно да се справите со наглите промени при консумирањето шеќери.
4. Ослабнат микробиом: Доколку вашиот микробиом, односно средината каде што живеат микроорганизмите во нашето тело не е здрава, тоа може да се манифестира преку отежната апсорпција на храната, додека пак јакиот микробиом може да ги намали последиците од наглите напливи на шеќерот.
5. Алергии: Многумина имаат реакции на храна за коишто не се свесни, а истите може да им предизвикаат замор. Не секоја алергиска реакција се манифестира со осип и чешање.
6. Недостаток на хранливи состојки: Можеби ви недостасуваат одредени хранливи состојки како што е витамин Б, железо или растителни влакна, коишто може да предизвикаат да се чувствувате погладни.
Како да ја спречите „комата од јадење“?
1. Комбинирајте го оброкот: Балансирајте ги оброците со големо ниво на јаглехидрати со маснотии и протеини коишто ќе помогнат да се стабилизира шеќерот во крвта.
2. Јадете внимателно: Јадењето полека ќе му даде на вашето тело шанса да се префрли од хормонот грелин на лептин, а тоа навремено ќе ви каже кога сте сити.
3. Движете се: Додека јадеме дишеме помалку, што ги зголемува нивоата на ЦО2 во нашиот систем и може да резултира во пад на енергијата. Затоа, добра идеја би било да направите една долга прошетка после обемен оброк, за да се зголеми количеството на кислород во системот.