Дали загадениот воздух влијае на нормалното функционирање на мозокот?

ИЗВОРnovlist.mk
|

Загадувањето на воздухот може да предизвика промени во мозокот кои се слични на симптомите на Алцхајмеровата болест, но може да ја намали и когнитивната функција на мозокот кај старите луѓе.

Претходните истражувања покажаа дека изложеноста на загадениот воздух на ситниците честички може да го зголеми ризикот од Алцхајмеровата болест и друг вид на деменција, но сè уште не е докажано како овој вид на загадување влијае на мозокот и на меморијата.

Ова е прва студија која во статистичкиот модел всушност покажа дека загадувањето на воздухот е поврзано со промените во мозокот на луѓето, и дека промените се поврзани со слабата меморија.

Во студијата беа вклучени скоро 1.000 жени на возраст од 73 до 87 години, на кои пет години по ред им е следена мозочната активност.

Истражувачите, исто така ги земаа предвид информациите за тоа каде живеат жените за да се одреди колку е концентрацијата на пм честичките во таа област.

Резултатите покажаа дека жените кои биле изложени на загаден воздух имаат поголема промена во мозочната структура и опаѓање на когнитивните функции за разлика од оние кои биле помалку изложени.

Ова истражување е уште еден дел од сложувалката која е важна за разбирање на оваа болест со воочување на промените во мозокот кои се предизвикани од загадувањето, а ги ослабнуваат мозочните функции.

Ситните честички кои го загадуваат воздухот се внесуваат лесно во респираторниот систем, а се таложат во мозокот. Овие честички потекнуваат од индустриското производство, шумските пожари или чадот од автомобили, пишува Health 24.