Дали некогаш сте се запрашале за што служи вратичката на дното од машината за перење? Кога ќе дознаете ќе се воодушевитe.
Сите ситници кои сте ги изгубиле за време на перењето- копчиња, монети и слични работи, се наоѓаат во таа вратичка. Доколку забележувате дека ви недостига копче или било каков ситен предмет, слободно отворете ја вратичката и таму ќе го пронајдете.
Бидејќи секоја машина е различна, пред да го сторите тоа прочитајте го упатството, но кај повеќето е доволно само малку посилно да повлечете. Пред тоа, задолжително ставете легенче или крпа под вратичката, во случај од неа да излезе огромна количина вода.