Човек кој сосема оправдано важи за еден од најдобрите изведувачи во Македонија, Дарио Панковски ги освојува фановите со нова музика.
Македонскиот пејач и композитор ја промовираше баладата „Какви се ова времиња?“ и спотот за истата.
„Напишана од срце, отпеана со душа. За СИТЕ НАС!“ – порачува тој
Дарио ретко се појавува во медиумите, а во јавноста е присутен само тогаш кога има да пренесе важна порака со суштинско значење.
Неговите песни се евергрин, бидејќи се отпеани од срце, па токму затоа можат да допрат до душата на слушателите од сите генерации.
Во неговото гостување во естрадниот магазин „Бекстејџ“ по повод неговата најнова песна ,,Какви се овие времиња”, на прашање како настанала оваа музичка нумера тој меѓу другото одговори ,„Јас сум тој што ја кажува вистината. Работите не одат на добро“.
Погледнете го целосното интервју подолу: