Де Лаурентис: Со Гатузо нѐ очекува светла иднина

|

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е уверен дека неговиот тим го очекува „светла иднина“ со Џенаро Гатузо на клупата.

Наполи неодамна го отпушти Карло Анчелоти и на неговото место пристигна Џенаро Гатузо.

„Последните месеци не ни донесоа задоволство и успех кој го посакувавме, но сигурен сум дека со Џенаро Гатузо и напорна работа на тимот нѐ очекува светла иднина. Мојата единствена цел е да обезбедам нашиот сакан клуб да ги оправда очекувањата“, изјави Де Лаурентис.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Гатузо одбил дури 18 понуди пред да прифати да биде тренер на Наполи.