Овен (21.03 – 20.04)
На деловен план ќе добиете прилика да ја исправите грешката од минатата недела. Немојте да забушавате, дадете се од себе. Делувате отсутно и незаинтересирано, а партнерот ви замерува на тоа. Покажете поголема иницијатива.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес ќе добиете важни вести од соработниците или деловниот партнер. Останете доследни на своите намери и не ја злоупотребувајте довербата на работодавците. Повикајте ја личноста која веќе некое време ви го привлекува вниманието.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Несогласувањата кои постојат во односот со деловните соработници денес ќе бидат успешно решени. Посебна поддршка имате од некој постар колега. Вашиот партнер се чувствува запоставено, па предложете му разговор или излегување.
Рак (22.06 – 22.07)
Имате лошо претчувство во проценката на деловните прилики. Расправата со колегите денес ќе биде неизбежна. Искрено изразете ги своите чувства пред саканото лице. Потрудете се да ги ускладите заедничките желби.
Лав (23.07 – 22.08)
Деловната средба денес ќе помине добро, токму така како што очекувавте. Бидете горди на личниот придонес. Своите мисли и чувства насочете ги кон саканото лице и очекувајте прекрасна ноќ. Ќе бидете исполнети со убави чувства. Уживајте во денешниот ден.
Девица (23.08 – 22.09)
Полни сте со креативни идеи и на соработниците им предложувате корисно решение. Важно ви е тие да бидат прифатени. Некој ви упатува љубовна порака и директно ви дава до знаење што мисли и чувствува.
Вага (23.09 – 22.10)
Личноста во знакот на Рак ќе ви предложи добра деловна соработка. Согласете се со условите и искористете ја приликата која толку долго ја чекате. Ова е вистински момент да и пријдете на личноста која ви се допаѓа. Нема да одолее на вашиот шарм и духовитоста.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Немојте да дозволите одредени коментари да ве исфрлат од рамнотежа. Обидете се да се контролирате, бидејќи некој намерно ве провоцира. Сте донеле погрешна одлука и сега се каете. Повикајте ја саканата личност и обидете се да ја поправите грешката.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не сте во најдобро расположение и обврските ќе ги одложите за наредниот ден. Обидете се да се сконцентрирате и внимавајте да не направите некоја грешка. Врската во која се наоѓате запаѓа во сериозна криза.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не им обрнувајте внимание на коментарите на соработниците. Потпрете се на себе и на своите способности и ќе ги завршите обврските на време. Се чувствувате добро и ќе бидете задоволни од постоечката врска.
Водолија (21.01 – 19.02)
Искористете ги своите интелектуални и работни способности за работата која многу ви одговара. Може неочекувано да се појави проблем со близок пријател, кој лесно ќе го решите. Со саканото лице полесно ќе наоѓате заеднички јазик.
Риби (20.02 – 20.03)
Дозволете си на себе си одредена доза на препотенција со намера да оставите позитивен впечаток на соработниците или на вашите надредени. Поклонете му повеќе внимание на партнерот и покажете што конечно очекувате.