Овен (21.03 – 20.04)
Ако сте невработени денес ќе имате можност за вработување. Ќе бидете повикани на разговор во последен момент и постои голема можност да почнете да работите. Доколку сте во брак, бидете внимателни и не ги нарушувајте добрите односи со партнерот. Тајната врска која ве привлекува може да ја наруши вашата семејна рамнотежа.
Бик (21.04 – 21.05)
Бидете воздржани бидејќи партнерот ќе биде нервозен. Го пронајдовте вистинското решение за моменталната ситуација. Задолжително прифатете ја поканата за излегување од пријателите. Користете прилика да ги покажете своите способности. Финансиите ви се полоши.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Потрудете се околу партнерот, бидејќи тој се соочува со одредени проблеми. Премногу ги слушате другите, а тоа може да биде проблем. Не се повлекувајте во самотија доколку имате личност на која може да се потпрете. Постигнавте одредени цели во работата, но не сте готови.
Рак (22.06 – 22.07)
Личноста која ви изгледа незаинтересирано се обидува да ви пријде. Додека се премислувате поради несигурноста, другите работат на тој план. Овозможете си повеќе време за одмор, не претерувајте со физичкото и психичкото заморување.
Лав (23.07 – 22.08)
Се уште се двоумите околу некои планови кои ги имате околу реновирање на домот. Освен што чувствувате недостаток на енергија, проблем ви претставува и недостатокот на средства. Очекуваните приливи ќе дојдат во текот на следната недела и добро би било да ги дочекате подготвени. Бидете внимателни на работното место и бидете понастрана од озборувањата.
Девица (23.08 – 22.09)
Полека ви се отвораат сите врати и се чувствувате како да се будите од длабок сон. Емотивната криза полека ја совладувате и почнувате да се чувствувате како победник. Денес е можна интересна средба со личност родена во огнен знак. Личноста е многу интересна и одговара на вашиот сензибилитет.
Вага (23.09 – 22.10)
Оптоварени сте со обврски и денес ќе почувствувате дека повеќе не можете да издржите. Емоциите ќе ве совладаат и можно е да реагирате на несоодветен начин. Колегите се навикнати на секојдневните критики од ваша страна, но ретко ве гледаат во вакво издание. Потребно е да ги смирите нервите и да не обрнувате внимание на секоја ситница.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Енергијата ви е на завидно ниво и подготвени сте за акција. Доколку имате сопствен бизнис, денес ќе имате многу успешен договор. Финансиските резултати ќе ги осетите многу брзо, дури може и да добиете аванс. Ако сте невработени, очекувајте потврден одговор од странска компанија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Доколку сте слободни, дајте и сигнал на личноста која ви се допаѓа. Трпението на работа се исплаќа, само што се уште не се забележува. Здравјето сега ви е постабилно, внимавајте на внесувањето на намирници.
Јарец (22.12 – 20.01)
Би можеле да чуете неповолна работна вест или ќе ги трпите нервозата и неодговорноста на претпоставената личност. Ќе ви се зголемат обврските во домот и спрема семејството. Комуникацијата ќе ви биде влошена поради фактот што другите го слушаат она што сакаат да го чујат, а не она што го зборувате.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес ќе се сетите на некои идеали кои одамна сте ги заборавиле. Трката по заработувачка и секојдневните обврски полека ве одвојуваат од вашите некогашни желби. Ако имате сопствен бизнис, денес е можен договор со странска фирма или претставништво во земјава. Приходите ви се добри, но внимавајте на трошоците.
Риби (20.02 – 20.03)
Не се занесувајте со големи очекувања, бидете реални. Некои работи ви се провлекуваат, па време е да го исправите тоа. Разговарајте со партнерот на повеќе теми и внимателно изјавувајте го своето мислење, доколку го повредите, дури и несвесно, ќе сносите последици.