Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година го посети Христа. Кога настана бркањето на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од нив, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера.
Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка.
Осуден, свети Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови.