ВИСТИНСКАТА ПРОЛЕТ ПРОДОЛЖУВА – НО ОД САХАРА СЕ ОЧЕКУВА ТРАНСПОРТ НА ПРАШИНА И ПЕСОК ВО АТМОСФЕРАТА

ИЗВОРНов Лист
|

И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со натпросечно високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје и околината денес, како и во следните денови ќе се задржи претежно сончево и стабилно време. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на моменти ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 18 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.

Напомена: Во текот на следните денови од Сахара кон нашата територија ќе се изврши транспорт на прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена.