Денес се слави Свети Лав, епископ Катански

ИЗВОРНов Лист
|

Свети Лав им беше добар пастир и наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните.

Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшепствува. Светиот Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор.

Илиодор сиот изгоре, а свети Лав остана недопрен од огнот. Од ова сите што беа заведени од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето.