|
Споменот на овие двајца светители се слави на 31 јануари (стар, јулијански календар). А во 412 година, свети Кирил Александриски ги пренесе нивните мошти од Канопос во Манутин, тогаш незнабожечки град.
Откако ги смести нивните мошти во црквата што им беше ним посветена во градот се случија многу исцелувања.
Така, преку сведоштвото на овие двајца бесребреници, на кои и по нивното заминување од овој свет Господ им даде сила да лечат секакви болести, во Манутин полека-полека се утврдуваше верата во Христа.