Тимур Дибиров беше гостин во ООУ „Владо Тасевски“ во Скопје и им раскажа на учениците како е да се биде европски првак, повторно.
Трофејот освоен во Келн во Лигата на шампионите викендов беше дополнителен мотив за учениците да се фотографираат, а од Дибиров да побараат и автограм. Со солзи радосници, многу емоции, возбуда и среќа беше исполнет денот во училиштето.
„Среќни сме шт ни се исполни желбата. Учениците треба да имаат идол и звезда што ќе им биде пример. Имаме многу деца спортисти, а сега уште повеќе изразуваат желба да се занимаваат со спорт. Верувам дека и во нашето училиште ќе имаме ракометно школо што ќе биде дел од вардаровото ракометно семејство“, изјави Елка Даскалова, директорката на ООУ „Владо Тасевски“.
Тимур Дибиров беше гостин во ООУ „Владо Тасевски“ и им раскажа на учениците како е да се биде европски првак, повторно….
Gepostet von RK Vardar am Donnerstag, 6. Juni 2019
Дибиров останува во Вардар, клубот ќе биде спасен
Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, по се излгеда ќе остане во Вардар во следната сезона. Вардар викендов стигна до втората европска круна откако во финалето го совлада унгарски Веспрем (27-24).
Крилниот играч, за руските медиуми потврдил дека ќе остане во Скопје.
„Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра“, рече Дибиров.
Кај старо-новиот европски шампион, сезонава владееше беспарица, но според последните информации клубот ќе биде спасен, а тоа значи дека и понатаму ќе го гледаме помеѓу најсилните европски клубови.