Диета: Интегрален ориз или компир што би одбрале?

ИЗВОРСкопје24
|

Фитнес тренерите го прогласиле компирот за храна која дебелее. Тие тврдат дека поради високиот гликемичен индекс и големата содржина на скроб, компирот не е погоден за слабеење. Но дали тоа е вистина. Дали оризот е поздрава алтернатива?

Кафеав ориз – Кафеав (интегрален) ориз е полнозрнеста вид житарица кој содржи витални хранливи материи. Имено, кафеавиот ориз содржи исклучително висока содржина на селен, кој е важен минерал, познат по драстичното намалување на шанси за развој на некои форми на рак, како и кардиоваскуларни заболувања, воспалителни состојби и ревматоиден артритис. Содржи и високо ниво на манган, антиоксиданси, растителни влакна и природни есенцијални масти, се смета и дека има повисоко ниво на витамин Б3, Б1 и Б6 и железо во споредба со бел ориз. Но малкумина знаат дека кафеавиот ориз е добар во апсорбирање на арсенот, хемискиот елемент кој природно се појавува во земјата и водата.
Згора на сè, кафеавиот ориз го впива овој тежок метал повеќе од рафинираниот ориз.


А арсенот се смета дека е канцероген. Поради таа причина оризот треба да се конзумира повремено.

Компирот содржи околу 60 различни фитосоидиненија и низа важни минирели како калциум, фосвор, бакар, цинк и железо. Во компирот ги има и витамините Б1, Б2, и Б9. Богат е со витамин Ц, кој значително ја подобрува апсорпцијата на железото од компирот. Компирот содржи јаглехидрати, особено скроб, белковини и мала количина на масти. Најголем дел од белковините и витаминот Ц се наоѓаат веднаш под кората. Компирот содржи железо што организмот го апсорбира во многу поголемо количество од железото што се состои во кој било друг зеленчук. Содржи повеќе калиум од бананата. Има многу помалку калории од лебот, оризот и од тестенините.

Компирот содржи големо количество растителни влакна и здрави јагленохидрати. Содржи флавоноиди што штитат од болести на дишните патишта, болести на срцето и крвните садови и рак. Овој зеленчук претставува една од најхранливите билки во светот.
Тврдењето дека компирот дебелее воопшто не е точно, напротив, истражувањата покажуваат дека компирот има токму спротивен ефект, брзо предизвикува ситост, а има малку калории.

Во продолжение погледнете ги хранливите вредности на компирот во споредба со кафеавиот ориз и одлучете која намирница ќе биде вашиот избор: