|
Титулата најдобар македонски кошаркар за оваа календарска 2019 година ја освои Ненад Димитријевиќ од Хувентуд.
Во битка со браќата Стојановски, талентираниот кошаркар од Хувентуд триумфираше и за прв пат во кариерата дојде до ова ласкаво признание, кое може да му биде дополнителен поттик за нови, поголеми дострели во кариерата.
„Им благодарам на луѓето од КФМ за оваа номинација, благодарем сум на наградата“, порача Димитријевиќ.
Што се однесува за најдобрата кошаркарка, избрана е Александра Стојановска, додека Емил Рајковиќ, кој моментално менаџира во Астана е прогласен за најдобар македонски тренер во странство.