Странски експерти направиле листа од најдобрите мотори кои ќе се најдат во новите автомобили во 2020 година.
Како што пренесува “WardsAuto”, дизел агрегатите и понатаму ќе имаат голема улога во индустријата, додека дополнително ќе се развиваат хибридните системи.
Експертите сметаат дека најдобриот мотор во модел за 2020 година е моторот на BMW – 3,0-литарскиот I6 од M340i со 387 коњски сили.
На втората позиција е погонската единица на Chevrolet Corvette Stingrаy – 6,2-литарски V8 мотор со 502 коњски сили, а на третото место е 2,3-литарскиот I4 турбо-бензинец на Ford Mustang со 336 коњски сили.
На листата повторно се нашол агрегат на FCA групацијата – 3,6-литарскиот V6 Pentastar од камионетот Ram 1500 со 309 коњски сили и 365 Nm е опремен со хибриден систем eTorque со 48-волтен мотор-генератор, пренесува “Motor1”.
Што се однесува до дизел моторите, тука се истакнува 3,0-литарскиот I6 на General Motors со 281 коњски сили и 624 Nm кој ќе се најде во камионетот GMC Sierra.
Експертите го истакнуваат и квалитетот на 2,0-литарскиот i-VTEC од Honda Accord Hybrid со 215 коњски сили и 315 Nm.
Тука е и електричниот мотор на Hyundai од Kona Electric со 204 коњски сили и 395 Nm, како и 1,6-литарскиот T-GDI G4F турбо-бензинец од Sonata.
Своето место на листата го нашла и 2,0-литарската VC-Turbo единица од Nissan Altimа.