Овен 21.3-20.4.
Љубов: Ќе ги дефинирате своите љубовни очекувања.Ќе се обидете да бидете доследни и покрај искушенијата.
Кариера: Конечно ќе сфатите како да заработите повеќе пари , а се појавува и добра можност за тоа да го остварите.
Здравје и совет: Можна е преодна несоница.
Бик 21.4- 20.5.
Љубов: Денеска лесно ќе воспоставувате контакти , а и денот е добар за тоа. Ако сте сами , излезете на кафе.
Кариера: Ќе размислувате дали да смените еден метод во работењето или пак да го смените целиот процес. И тука ги ширите контактите.
Здравје и совет: Излезете меѓу луѓе.
Близнаци 21.5.-21.6.
Љубов: Некои ќе го фаќаат последниот воз за да се додворувата на една личност која исклучително им е драга.
Кариера: По мало надмудрување со спонзорите , ќе успеете да постигнете каков- таков договор.
Здравје и совет: Некои работи веќе ја губат смислата.
Рак 22.6-22.7.
Љубов: Добро ќе ја разберете саканата личност и сега се обидувате да играте според правилата што сте ги поставиле. Добро е.
Кариера: Работите си одат по својот тек и добро е. Денеска занимавајте се со мали поттици со кои ќе ја пофобрите работата.
Здравје и совет: Посилни сте од повеќето.
Лав 23.7-22.8.
Љубов: Вашата врска добро функционира, а денеска ќе мора да изреагирате на една работа , што ќе ви одземе дел од времето што сте планирале да го минете со саканата личност.
Кариера: Состојбата е зрела за вашето напредување на работното место , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин.
Здравје и совет: Мала главоболка или тага.
Девица 23.8.-23.9.
Љубов: Денешниот ден најверојатно многу ќе ве насочи кон домот и семејството. Нешто тука би можело да созрее.
Кариера: Ќе се чувствувате распнати меѓу две опции , а ниту една нема да ви изгледа добро. Поминете преку тоа и имајте трпение.
Здравје и совет: Наскоро се ќе биде појасно.
Вага 24.9.-23.10
Љубов: Ќе имате силна фантазија , така што без проблем ќа ја надвладеете секоја празнина во личните односи.
Кариера: Ќе ви се јават соработници од странство со интересен предлог за кој ќе треба да размислите сериозно.
Здравје и совет: Она што го немате, ќе го измислите.
Шкорпија 24.10-22.11.
Љубов: Откако се ви стана јасно , повторно запаѓате во преодна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта.
Кариера: Или вие ќе бидете премногу попустливи кон надредените или тие така ќе се постават кон вас.
Здравје и совет: Неизбалансираност на крвната слика.
Стрелец 23.11.-21.12.
Љубов: Она што можеби ве измачуваше, денеска ќе знаете да го искажете со многу чувства и искреност.
Кариера: Создадени се условите за една нова деловна соработка со соработници кои не се од истото место каде што работите.
Здравје и совет: Ќе бидете поспани.
Јарец 22.12.-20.1.
Љубов: Вашето семејстов како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се.
Кариера: На дневен ред ќе се најде мала анализа за една заостаната работа . Се друго што се однесува на работата , се одвива во ред.
Здравје и совет: Контролирајте го количеството храна што го внесувате.
Водолија 21.1.-19.2.
Љубов: Со саканата личност ќе се обидете да изведете нешто ново во сексот. И на двајцата ќе ви биде мило за тоа.
Кариера: Ќе се уверите сдека вложувачите се сосема подготвени за да ги прифатат вашите идеи. Внимавајте само во целиот процес да не бидете насилни.
Здравје и совет: Бидете тактични.
Риби 20.2.- 20.3.
Љубов: Веројатно е дека вашата сакана личност ќе бара многу внимание. Прифатете го тоа како реалност.Посветете и се.
Кариера: Сега конечно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се подготвени за дас е склучи договор.
Здравје и совет: Остварете се што ќе замислите.