Дневен хороскоп за 29 јануари 2020 година

ИЗВОРновлист
|

ОВЕН

Доколку некогаш сте планирале да започнете со приватен бизнис, сега имате можност за тоа. Договорете се со семејството или пријателите, и започнете со нов бизнис. Доколку веќе работите приватно, овој период ќе биде сјаен за вас.

БИК

Имате верба дека ќе ви се јави некој кој е подготвен да ви помогне да ги решите важните проблеми. Денеска ќе имате прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите искуства во врска со работата во приватната компанија која на вас ви е многу драгоцена.

БЛИЗНАЦИ

Денес конечно ќе соберете смелост. Токму вашата решителност и цврстиот став во клучните моменти ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната победа. Единствената мисла која секогаш треба да ја почитувате е да не си ги погазувате сопствените принципи.

РАК

Пријателите или вашиот партнер нема да комуницираат со вас на вообичаен начин. Нешто ќе им пречи на вашите драги лица, но тие нема да сакаат сега да разговараат за тоа со вас. Дури и ако започнете да ги прашувате, тие нема да бидат подготгвени да ви одговорат.

ЛАВ

Не се форсирајте да правите работи кои не ви носат задоволство. Денес нема да бидете комуникативни и друштвени, па ви препорачуваме да нее ги прифаќате поканите за средби само за да покажете дека сте лојален пријател. Сите околу вас го знаат тоа, и нема да имате потреба да им го докажувате.

ДЕВИЦА

Денес цел ден ќе бидете обземени од длабоки мисли. Ќе размислувате за различни сегменти од животот, како ви оди, што да направите следно, што да промените и сл. Запишете ги вашите мисли. Кој знае, можеби подоцна ќе ви бидат од полза.

ВАГА

Денес не би било паметно да навлегувате во расправии со Стрелец или Рак, особено доколку немате добри причини, а темата се однесува на пари. Имате неколку начини како да ги остварите вашите идеи и што побрзо да ги претворите во пари. Ќе добиете повик да се сретнете со некоја Риба или Девица во врска со некоја заедничка работа.

ШКОРПИЈА

Она што вам може да ви се случува во следните неколку дена се секако задоволствата од некакви ваши активности и напори на јавен план или успеси во работата, кои ќе ве направат задоволни, а во исто време ќе имате и значаен финансиски прилив. Ви препорачуваме да штедите пари, бидејќи може ќе ви бидат потребни за некој нов проект во кој ќе сакате да инвестирате.

СТРЕЛЕЦ

Голема моќ се крие зад вашата самодоверба. Затоа искористете ги околностите и блеснете со вашиот ентузијазам. Можно е да реагирате премногу бурно на некој коментар од близок пријател, што не е вообичаена реакција од ваша страна. Обидете се да се контролирате.

ЈАРЕЦ

Чувствувате потреба да разменувате идеи. Веќе на прв чекор можно е да настапат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е најсилна страна. Штедете ги парите кои во моментов ги имате, бидејќи постои можност наредниот период да биде неповолен за вашата финансиска состојба.

ВОДОЛИЈА

Флексибилноста ќе ви го одбележи денот и промените во плановите нема да ви го расипуваат вашето расположение. Помогнете им на луѓето околу вас да сфатат дека животот е непредвидлив и дека треба да бидат поспонтани за да уживаат во него. Некој ќе се обиде да ви го пренесе своето животно искуство. Многу ќе изгубите доколку го игнорирате поради презафатеност.

РИБИ

Не бидете зачудени доколку денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, ќе ви биде потребно време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка.