До четврток одлука за цената на струјата, уверувања од надлежните дека нема да има рестрикции

|

Колку ќе поскапи струјата за домаќинствата догодина, ќе се знае до крајот на неделава. Барањата на компаниите се уште се анализираа, по што РКЕ треба да одлучи што ќе им биде прифатено, а што не.

Сите компании побарале згоемување, но од комисијата очекуваат  сите да се солидаризираат во оваа кризна состојба.

-Утре регулаторната комисија, пред енергетските компаните ќе ги презентира механизмите кои ќе се активираат при носењето на  новата одлука, соопштуваат од РКЕ.

За ублажување на ударот од енергетската кризата, се активираат сите капацитети во земјава. Пред 10 дена со работа почна и ТЕЦ Неготино, со еден котел, но следниот месец во погон ќе биде ставен и вториот, но и третиот блок од РЕК Битола. Првиот човек на ЕСМ, Ковачевски уверува дека потребните од струја ќе бидат покриени и рестрикции нема да има.

Од ТЕЦ Неготино велат дека засега производтво  се одвива без проблеми.

Дистрибуција до РКЕ побарале зголемување на цена на услугата од 100 проценти, Мепсо 82, додека ЕВН ХОУМ ги има доставено трошоците во кои е вкалкулирана и зголемената производна цена на ЕСМ од 13 отсто која што ја одобри Владата. Во меѓувреме цената на берзите и натаму е висока. И експертската јавност, но и од РКЕ посочија дека не чека тежок период.