Вчеравечер по 71-ви пат биле доделени престижните телевизиски ЕМИ награди.
Свеченоста била одржана во Лос Анџелес, а победата во најважната категорија, за најдобра драмска серија, ја однесе „Игра на тронови“.
Серијата била фаворит со своите рекордни 32 номинации, а оваа година и покрај разочарувачкото финале, ги победиле конкурентските серии како „Better Call Saul“, „Killing Eve“, „Ozark“, „This is us“ и „Succession“
Британската серија „Fleabag“, освоила дури шест ЕМИ, меѓу кои е и онаа за најдобра актерка во хумористична серија и за сценарио и режија.
Били Портер освоил награда за најдобар актер во драмска серија, со што станал првиот темнопож хомосексуалец кој победил во таа категорија.
Најдобра актерка е Џоди Комер од серијата „Killing Eve“, а наградата за најдобра режија на драмска серија ја добил Џејсон Бејтмен за „Ozark“.
Питер Динклиџ од серијата „Игра на тронови“ е добитник на ЕМИ во категоријата најдобар спореден актер, додека во женската категорија му се придружила Џулија Гарнер со улогата во серијата „Ozark“.
Инаку, на овогодишното доделување на ЕМИ, немало водители, а последен пат тоа се случило во 2003-та година.