(ВИДЕО) Доказ за генијалноста од спротивен агол: Дибала и пркоси на физиката

|

Пауло Дибала оживеа. Иако летоска беше на прагот да си замине од Јувентус, Аргентинецот направи се за да остане во клубот и да ја покаже својата вредност.

Дибала во изминатите неколку недели значително ја подигна својата форма и во овој момент е можеби и најдобриот играч на Јувентус.

Маурицио Сари одлучи да го помести поблиску до голот за разлика од Макс Алегри и сега тоа дава резултати. Аргентинецот беше стрелец на последните три меча.

Синоќа во Торино го постигна својот десетти гол од слободен удар во дресот на Јувентус, прв уште од март 2018. година.

Голот на Дибала навистина беше генијален. Особено ако се земе предвид од кој агол погодок и дека меѓу стативите стоеше Јан Облак, еден од најдобрите светски голмани.

„Десетката“ максимално го искористи фактот што Облак беше маркиран, па со силен и многу прецизен удар го совлада Словенецот.

Доказ за неговата генијалност е и снимката од спротивен агол.