Домашните приредувачи на игри на среќа ќе стават клуч на врата ако државата дозволи странски сајтови да станат партнери на владата во онлајн оболжувањето

|

Штелуван повик за интернет игри на среќа или ставање ред во онлајн-коцкањето? Однапред договорено сценарио за однапред договорени компании. Ова е оценката на домашните приредувачи на игри на среќа по владината одлука да овозможи основање на три нови фирми за приредување на игри на среќа на интернет. Се заканија со клуч на врата и илјaдници откази ако бидат исклучени од интернет колачот. По анализите на огласот на државна лотарија за тројца партнери констатирале дека ниту една македонска компанија не ги исполнува условите.

Владата наместо да ги извади од фиока подзаконските акти кои ја доуредуваат материјата, таа го заобиколува законот и отвора простор за подобни фирми од надвор. Во време на корона македонските компании кои органзираат посебни игри си ја пробаа среќата и успешно и според закон работат со месеци.

Од асоцијцата не сакаат да шпекулираат дали зад оваа шема се кријат сомнителни фирми кои треба да влезат во игра, но не ја исклучуваат можноста некоја регионална фирма да се затскрива зад познати и етаблирани светски франшизи.

Во случај државна лотарија да добие тројца партнери тие фирми ќе добиваат 49 отсто до прометот, или десетици милиони евра профит кој ќе се одлева од земјата, затоа што целокупното органзирање на игрите на среќа ќе биде на интернет, а во земјава тие едвај дали ќе отворат една канцаларија.