Вардар синоќа во Келн дојде до втората историска титула во Лигата на шампионите, а еден ракометар имаш дополнителен мотив за прослава.
Искусното крило, Иван Чупиќ дојде до третата тиула европски шампион откако пред четири години славеше и со Кјелце. По крајот на мечот, Хрватото во изјава за ХРТ сподели радосни вести за навивачите на „црвено-црните“, а тоа е дека останува и понатаму дел од тимот.
„Па каде да одам, останувам во Скопје кој е најубав град, а Вардар најдобра екипа во Европа, ги имаме најдобрите навивачи. Фамилијата ми е среќна и задоволна. Следната година одам и по четврто злато, имам четири деца, па да освојам за сите по еден и да ја комлетирам таа колекција. Се надевам Вардар и следната сезона ќе биде ТОП екипа и ќе се гледаме во Келн понатаму“, изјави Чупиќ.
Инаку, раководните лица на Вардар успеаја да ја променат денешната агенда на новиот европски шампион, и побрзо од предвиденото ќе се вратат во македонската престолнина.
Според последните најави ќе биде организиран чертер лет и вардаровите херои наместо на полноќ, во Скопје ќе пристигнат во 16:15 часот, и од аеродром ќе се упатат до плоштадот „Македонија“, каде ќе им биде организиран достоен пречек.
Вардар со две моќни партии во Келн по вторпат во својата историја се искачи во кровот на ракометна Европа. Во синоќешното финале македонскиот тим со 27-24 беше подобар од големиот ривал Веспрем, додека во полуфиналето ја изненади Барса.