Дознајте сѐ што треба да знаете за срцевите аритмии… навреме!

|

Срцевиот мускул има посебни клетки во кои се создава биолошката електрична активност на срцето. Почнувајќи од синусниот јазол, импулсите се шират кон АБ-јазолот, а потоа продолжуваат кон Хисовиот сноп, кој понатаму се разгранува. Ако на тој пат дојде до нарушувања, се јавува аритмија на срцевиот мускул.

Ирегуларноста на фреквенцијата (пулсот) доведува до неправилна срцева работа и тогаш може да дојде до забрзување на срцевиот ритам – тахикардија. Сѐ над 100 отчукувања во минута се смета за тахикардија, а доколку срцевата работа е и аритмична, тогаш зборуваме и за тахиаритмија.

А забавена срцева работа (брадикардија) се нарекува сѐ што е под 60 отчукувања во минута (доколку срцевата работа прогредира кон понизок пулс, индициран е пејсмејкер). Кога ќе дојде до аритмија при брадикардија, тоа го нарекуваме брадиаритмија.

Ако поради некоја причина релативно здрава личност има чувство на срцебиење, тоа е најчесто предизвикано од емотивен стрес, претерано консумирање кофеин, пушење или внесување некои лекови.