Средба помеѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ не се случила откако пред околу една година ја завршија својата романса која траеше повеќе од две децении. Сепак, двете големи хрватски ѕвезди би можеле да се сретнат на прославата на 20-тиот роденден на хрватското издание на магазинот Story.
Имено, Петар Грашо на споменатата прослава требаше да ја добие наградата за пејач на годината, па беше најавено неговото доаѓање. На истата прослава била поканета и Данијела Мартиновиќ. Сепак, средбата на поранешните љубовници била спречена.
Петар Грашо во текот на денот помина со сопругата Хана Хуљиќ и членовите на нејзиното семејство. Хуљиќи и Грашо гостувале на настан во Хрватска, а таа вечер Грашо имал закажан уште еден настан на кој тој не се појавил.
Додека Данијела Мартиновиќ блескаше на прославата, столчето на Петар Грашо остана празно, а наградата не беше врачена.
Дали Хана сакала да го држи сопругот покрај себе, исплашена од средбата со бившите љубовници или пак имало некои други причини во средата, Петар се уште не открива во јавноста.