Дуа Липа со објава која го запали цел Балкан

|

Дуа Липа која по потекло е од Косово, во изминатите неколку денови со својата политичка и националистичка објава ја разбесни јавноста на Балканот.
На Твитер, Дуа Липа објави фотографија од знаме со „Голема Албанија“ во која е опфатена и територија на Македонија, и додаде во опис „Автохтон“ – придавка (жител на некое место), староседелци, а не потомци на мигранти или колонисти.

Реакции на овој твит на пејачката имаше од секаде, но најмногу од корисници кои доаѓаат од државите кои се засегнати од мапата на „Голема Албанија“.
Некои бараа оваа објава да биде тргната или блокирана од самата социјална мрежа.

Инаку пејачката е родена и живее во Лондон, па од Велика Британија одлучи да провоцира со контроверзни и националистички постови на социјалните медиуми, и на тој начин да поттикне и разгори омраза меѓу народите на Балканот.