Два нови земјотреси регистрирани во близина на Гостивар

ИЗВОРНов Лист
|

Нови два земјотреси беа регистрирани денес во близина на Гостивар со јачина од 3,8 и 3,6 степени според Рихтер покажуваат податоците од  Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Регистриран околу 12 часот на 18 километри југозападно од Гостивар, првиот земјотрес беше со јачина од 3,8 степени , а вториот во 13 часот и 25 минути на 16 километри со јачина од 3,6 степени според Рихтер.

Двата нови земјотреси следуваа по претходните два со епицентар во Леуново, кои се осетија на целото подрачје на Македонија околу 5 и 6 часот наутро, со јачина од 5 и 3,6 степени според Рихтер.