Две деца нападнати во Аеродром и во Карпош

|

Две малолетни лица биле нападнати во Скопје, во два одделни инциденти.

Во првиот случај, мајка пријавила дека вчера околу 18.30 часот во парк на подрачјето на Аеродром нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно женско лице.

Неколку часа подоцна, уште еден родител пријавил во полицијата напад врз неговиот син што се случил на подрачјето на Карпош. Момчето било нападнато од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случаите.